Published: Saturday, December 28, 2013 15:23
Независниот новинарски синдикат и новинарскиот бенд The Reporters го промовираа проектот за создавање нa Солидарен фонд. Овој фонд има за цел да обезбеди поддршка на сите новинари кои поради актуелните проблематични сосотојби во медиумската сфера се соочуваат со сериозни социјални проблеми.
Во почетокот на наредната година ќе биде промовирано ЦД на The Reporters со седум авторски композиции. ЦД ќе биде промовирано во Скопје како и во 6-те регионални центри на ЗНМ. Средствата кои ќе се соберат од продажбата на ЦД со наслов “Слобода” целосно ќе бидат наменети за потребите на Солидарниот фонд.
Реализацијата на ЦД “Слобода” на The Reporters е помогната од амбасадата на САД во Македонија.




