Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарските организации одбиле консултации за ад хок телото

0
By Нова ТВ on August 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинарските организации на денешниот состанок со раководството на опозициската СДСМ категорично одбиле да учествуваат во консултациите за ад хок телото и во изборот на главен уредник на МТВ, објави „Мета“.

Денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска разговарала со претставници на Советот на етика во медиумите (СЕМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) за начинот и концептот на изборот на член во ад хок телото и главен уредник на радиодифузниот сервис. На разговорите биле повикани претставници и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), но тие не биле присутни на состанокот.

Како што донава „Мета“, овие организации одбиле да учествуваат во формирањето на ад хок тело, со образложение дека така нема да се реши проблемот со медиумите. Од Советот за етика за „Мета“ велат дека за имиња не станало збор и дека партијата не сакала да разговара за тоа, туку за начинот на избор на членови и принципиелноста при постапката.

Професорката Снеажана Трпевска од МИМ ни изјави дека ова ад хок тело не може да помогне во средување на медиумите.

– Потребна е департизација на Агенцијата за медиуми. Категорични бевме дека не веруваме дека ова тело може да го реши проблемот со медимите во државава. Затоа и рековме дека нема да учествуваме во неговата работа – ни изјави Трпевска.

Насер Селмани од ЗНМ, по обелоденувањето на договорот на четирите партии во кои стои дека ќе се формира тело за контрола на медиумите, на прес-конференција рече дека не поддржува ваква идеја и нема да учествува во неговото формирање.

– Сто дена пред избори ќе имаме институции растргнати меѓу партиските интереси и влијание. Ад хок партиското тело во рамките на Агенцијата за медиуми е неприфатливо за нас. Единствено решение е избор на нов Совет на агенцијата каде ќе се изберат независни и стручни лица. Затоа ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за фомирање на ова тело, затоа што не сакаме да легитимираме неодржливи партиски решенија кои нема да бидат во интерес на новинарите. Секоја друга можност што ќе ја имаме ќе алармираме и ќе ја информираме јавноста дека тие решенија се неприфатливи – изјави Селмани.

Според информации од СДСМ, за овие функции се пријавиле 28 кандидати.

Ад хок телото, кое ќе работи до крајот на предвремените избори, треба да има пет члена.

Секоја од четирите партии предлага свој претставник, а потоа тие со консензус треба да го изберат петтиот член. Според договорот, еден член од ова тело задолжително треба да биде Албанец.

Краен рок за формирање на ад хок телото е 19 август.

ад хок новинраски организации одбиле консултации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.