Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот американски амбасадор во земјава Бејли ќе ги предаде акредитивите

0
By Нова ТВ on February 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 12, 2015 09:27

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли.

Бејли, дипломат од кариера во Стејт департментот, во Скопје доаѓа од позицијата заменик-шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција, функција која ја извршувал од 2011 година. Доаѓа на местото на амбасадорот Пол Волерс, кој во Македонија оваа функција ја извршуваше од 2011 година.

Дипломирал на Универзитетот „Јејл”, а се стекнал со магистерска титула на универзитетот „Kолумбија”.

Од 2008 до 2010 година, служел како директор на Канцеларијата за политички прашања на Обединетите нации и претходно работел како лидер на Регионалниот тим за реконструкција во Ербил, Ирак 2007-2008.

Служел како директор на вашингтонскиот Прес центар од 2005-2007 и како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Хаг, Холандија 2002-2005.

Од 1998 до 2002 година, работел како офицер за културни прашања, а потоа како офицер за информации, портпарол на амбасадата на САД во Анкара. Џес Бејли беше потврден како Амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014.

Новиот американски амбасадор во Македонија, Џес Бејли, минатата недела се претстави пред македонската јавност преку видео обраќање, во кое вели, чест му е, нему и на неговото семејство што ќе бидат во Mакедонија во наредните неколку години, и ќе работи на зајакнување на односите меѓу САД и земјава.

– Повеќе од 20 години, Соединетите Држави и Македонија градат динамично партнерство. Јас имам намера да ги зајакнам нашите односи, и да и помогнам на Македонија да го реализира својот потенцијал како динамична, мултиетничка и просперитетна демократија, целосно интегрирана во евроатлантската заедница, вели Бејли во обраќањето.

Тој потенцираше дека речиси 30 години работи како дипломат во Европа, на Блискиот Исток, во Африка и во Азија.

– Јавната служба е значајна за мене и за моето семејство. Јас и мојата сопруга Кејпи се запознавме кога работевме во Амбасадата на САД во Сенегал. Нашиот син, Ноа, е студент и кога ќе дипломра ќе стане офицер во Морнарицата на САД, дополнува Џес Бејли.

Неговиот пат во дипломатијата започнал уште кога имал 16 години и заминал во Франција на едукативна програма за размена, а истата година во него се всадила трајната вредност на градење односи и пријателства помеѓу луѓето од разни земји, а не само помеѓу владите.

– Еден од моите приоритети ќе биде развивањето на тие врски помеѓу учениците, студентите и младите од нашите земји, вели новиот американски амбасадор во Македонија.

Уште пред да дојде во Македонија, новиот амбасадор на САД наиде на критика за изјава која, сега веќе поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Пол Волерс, рече дека е извадена од контекст.

Одговарајќи на прашање на сенаторот Крис Марфи за тоа каква е ситуацијата со Охридскиот договор денес, амбасадорот Бејли рече дека во Македонија има „словенско мнозинство и албанско малцинство“, и дека во многу погледи е постигнат важен напредок, но дека останува уште многу да се стори.

– Работиме во многу области, јавната дипломатија, преку програмите на Мировниот корпус, да изградиме чувство на заедничка иднина и толеранција меѓу етнички албанските и македонски населенија. Се разбира, би забележал дека во составот на македонското општество има многу повеќе отколку само Словени и Албанци. Има Турци, има Роми и други. Така, ова на многу начини е микрокосмос за богатството на Балканот и со цел сите тие населенија да видат заедничка иднина, мислам дека САД имаат важна улога со оглед на нашата историја и на нашиот сопствен збир на вредности во врска со ова, изјави Бејли.

На ова, Волерс во септември минатата година, објасни дека изјавата на неговиот наследник е грешно пренесена.

Пол Волерс потенцираше дека САД не ја менува политиката кон Македонија, укажувајќи дека го почитуваат идентитетот на македонскиот народ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.