Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот министер за култура немал време да ја види ревизијата

0
By Нова ТВ on June 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новоизбраниот министер за култура Асаф Адеми побара дополнително време да го разгледа во детали најновиот Ревизорски извештај за финансиското работење во Министерството, во време на владеењето на Елизабета Канческа Милевска. Тој вчера го презеде раководењето со Министерството и кажа дека првиот работен ден се запознавал со вработените. На прашањето како ги коментира наводите во Ревизорскиот извештај, тој наместо да одговори прецизно, изјави дека ќе соработува со СЈО, институција која не е надлежна за таков тип извештаи- за Ревизорските извештаи во кои има сомневање за незаконско работење на некое Министерство, всушност надлежно е ОЈО.

„Ќе соработувам со сите институции. Специјалното јавно обвинителство е добредојдено да ги разгледа сите документи. Се сретнав со еден претставник на СЈО кој вчера беше во Министерството. Јас ќе продолжам, а тоа е политика и на Владата, секаде каде што ќе се открие криминал, ќе бидеме отворени за соработка со СЈО, како и со другите институции“ рече Адеми.

Истражителите на СЈО подолго време ја проверуваат документацијата во Министерството за култура, но како дел од предистрагата за проектот Скопје 2014.

Во Ревизорскиот извештај беше констатирано дека во Министерството се трошеле пари без покритие, се склучувале договори во четири очи, а дел од договорите биле и спротивни на Законот за трговски друштва, се делеле проекти без критериуми и се отворале објекти без технички прием.

Но покрај сите овие неправилности, ревизорот објави и дека е потрошена фантастична сума од повеќе од 9 милиони евра за печатење и преводи на книги.  Освен тоа, ревизорот не се уверил дека државата воопшто имала потреба од ваков проект, кога најголем број од книгите не ни стигнале до читателите, туку завршиле во магацините на НУБ „Свети Климент Охридски“, во Археолошкиот музеј и во Музејот за македонска борба. Во магацините на овие институциите се сместени повеќе од 500 000 книги за кои се платило повеќе од 5 милиони евра.

Во времето на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ, Груевски и Канческа беа главните промотори на овој проект кој постојано се наградуваше и прошируваше со преводи на нови книги и нови тематики. Проектот почна во 2009. и се уште трае – бидејки дел од нарачаните книги не се пристигнати и не се платени. На една од промоциите за овие книги, на почетокот на 2016 година Груевски ќе најави дека 8 години, проектот привршува.

„Некаде во 2009 и во 2010 година овој проект беше само во нашите мисли. 2011 година беше година во која почнаа подготовките, а во 2012 година веќе ја имавме и првата промоција на капиталниот проект „Ѕвезди на светската книжевност“.

Денес на почетокот на 2016 година сме речиси на крајот на неговото заокружување.Добрата книга може секој да го поведе на долги неистражени патувања, во некои други топли краишта, меѓу разни други народи, во разни други галаксии и секаде каде што човечкиот мозок преку книгата може да отпатува, кажа Груевски на почетокот на 2016, на промоцијата на нови книги.

Министерката за култура Канческа- Милевска за овој проект говореше како за  „демонстрација на заложбите за создавање културен амбиент во Македонија во кој јасно се перцепираат вистинските вредности“.

Ревизорите очекуваат Министерството за култура да формира Комисија која ќе треба да одлучи што ќе се прави со книгите сместени во магацините, но и она што е значајно и да најде начин да поништи дел од договорите за печатење и издавање на нови книги.

Асаф Адеми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.