Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот шеф на австриската дипломатија има 27 години

0
By Нова ТВ on December 15, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австрија го доби најмладиот Министер за надворешни работи во Европа. Неговото име е Себастијан Курц и има само 27 години.

Курц ги стави на „пауза“ своите студии на право на 25 години и за него денес многумина мислат дека ќе биде идниот канцелар на Австрија. Досега веќе бил државен секретар за интеграција и општински советник во Виена. Курц од 2009 година е шеф на младите на конзервативната партија. Велат дека е добар говорник.

Курц е син на професорка и инженер и на училиште одел во средина каде што неговите соученици во голем дел биле деца на имигранти, во квартот Мејдлинг во Виена. Оттука, вели тој, доаѓа неговиот сензибилитет кон овие прашања.

Кога станува збор за имиграцијата во Австрија, една од главните теми на неодамнешните избори, Курц својата политика одлучи да ја базира врз „интеграција преку успех“. Тој смета дека „луѓето кои овде живеат се дојдени легално. Тие треба да бидат оценувани преку напорите за учење, вработување и граѓански ангажман а не врз основа на нивното потекло“.

Помеѓу мерките на Курц најмногу успех има онаа за воведување на задолжителни часови по јазик во градинките за децата кои не го знаат германскиот или обврската за муслиманските свештеници да ги читаат молитвите на германски. Курц е иницијатор на изработката на извештај за интеграција кој содржи 20 мерки за подобрување на ситуацијата.

За време на изборната кампања Курц имаше и неуспешни но атрактивни акции. Така, Курц ја почна својата кампања во една виенска дискотека и возеше црна кола на која беше напишан слоганот „Schwarz ist geil“ која во превод значи дека дека „црното е кул“ или „возбудливо“ според двојното значење на зборот „geil“. Целта на акцијата беше да се оцрни кампањата на екстремната десница која успеа да добие голем дел од гласачите во дискотеките и ноќните клубови. Набљудувачите велат дека оваа кампања не го постигнала својот резултат.

Курц се разбира има свои Фејсбук и Твитер профил на кои веќе пристигнуваат честитки за новата функција на кои одговара самиот Курц. Една од првите честитики дојде до неговиот шведски колега Карл Билд на кој Курц му вети набрзо средба, штом положи заклетва како министер.

Во Австрија се одржаа избори во септември а на нив победата ја однесоа традиционалните партии – социјал-демократите и конзервативците кои ја делат власта повеќе децении. Годинава тие добија низок резултат а екстремната десница доби над 20 отсто од гласовите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.