Украинските медиуми објавија дека со новиот закон во државата ќе им биде дозволено на цивилите да пукаат во руски војници, а веднаш следеше реакција на тоа од портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кој кажа дека секој со оружје во рака е потенцијална мета.
Законот, кој важи од понеделник, им дозволува на странците и лицата без државјанство кои илегално живеат во земјата да поседуваат оружје и да го користат против Русите.
Издавањето на оружјете го регулира ресорно министерство, а муницијата треба да се врати најдоцна 10 дена по укинување на вонредната состојба.
Песков, од друга страна, јасно порача дека ќе гаѓаат во секој што ќе нападне војник на Руската федерација.
„Ако некој нападне војник на Руската Федерација, а тој има оружје во рацете, тој станува мета“, вели Песков.