Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот Закон за медиуми-крај на слободата на печатот

0
By Нова ТВ on May 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Падот на професионалниот квалитет на македонските медиуми, како и целокупната атмосфера за слободата на медиумско изразување и медиумскиот бизнис во државава и понатаму продолжува, констатира Транспарентност Македонија во својот најнов извештај:

После катастрофалното рангирање на Македонија од страна на „Репортери без граници“ на почетокот од годинава на 116 место на светската ранг-листа на слобода на медиумите (пад од 82 места за последните три години!), кон средината на април уследи редовниот Годишен извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Македонија во кој, покрај низата други критики, отворено се констатира дека македонските власти – ни помалку, ни повеќе! – во практиката не ги почитуваат уставните заложби за слобода на говорот и печатот во земјава; на 16 април Европската комисија го објави Извештајот за напредокот на Македонија во рамките на ХЛАД (дијалогот на високо ниво) во кој се констатира дека

Владата не ги спроведува договорените обврски во неколку области кои влијаат врз зголемувањето на слободата во медиумите во земјата; за потоа, кон крајот на април, да се објави и годинешниов извештај на„Фридам Хаус“ за слободата на медиумите во светот во кој Македонија од лошото 94 место во светот во 2012 г., падна за дополнителни 22 места и се најде на 116 место на светската ранг-листа, заедно со Мали, Танзанија, Камбоџа, Израел и Јапонија.

ТМ го повикува премиерот Никола Груевски да направи групна „табло“ прес-конференција, со присуство на сите министри на Владата во позадина, на која на јавноста лично ќе ѝ го објасни ставот на Владата за причините заради кои Македонија, под негово долгогодишно раководство, повеќе не е демократска земја во областа на слободата на печатот, мислата и јавното изразување.

Предлогот на новиот Закон за медиуми, претставен од Владата на почетокот на овој месец, е само продолжување на настојувањето на власта да се загуши слободата на печатот во земјата и да се воведе официјална цензура на содржините што треба да се објавуваат во медиумите.

Законот предвидува и низа мерки во техничката и бизнис-сферата на функционирањето на медиумите со кои се ограничува нивната слобода, вклучувајќи ја и слободата на изразување на Интернет. Ваквите заклучоци произлегуваат по анализата на повеќето од 171 членови на овој Предлог- закон.

Дополнително, како што крајно нетранспарентно го составила овој законски предлог, власта се обиде на ист начин временски и содржински да ја ограничи јавната расправа по повод предлогот – тој обид, се чини, не успеа, после жестоката реакција на домашната стручна и медиумска јавност, како и реакциите на меѓународниот фактор.

Сепак, и покрај сите до сега искажани крупни забелешки и укажувања за недостатоците на овој законски текст, Владата продолжува со настојувањето тој закон да го протурка низ процедурата за негово донесување.

ТМ ја повикува Владата веднаш да го повлече предложениот Закон за медиуми. ТМ предупредува дека неговото евентуално усвојување ќе претставува и официјализиран крај за слободата на печатот и јавното изразување во земјава.

Начинот на кој надлежните институции ја затворија истрагата за околностите на трагичното загинување на новинарот и медиумскиот сопственик Никола Младенов во сообраќајната несреќа на крајот од март 2013 г. недвосмислено говори за тоа дека власта сака во јавноста да остане впечатокот дека неговото загинување се случило под сѐ уште неразјаснети околности.

Дополнително, овој впечаток е засилен и заради фактот што никој од највисоките претставници на власта не најде за потребно јавно да изрази сочувство по повод овој трагичен настан, со оглед на проминентната улога на Младенов и неговите медиуми во градењето на демократијата во земјава во последните 25 години.

ТМ смета дека со необично непрофесионално изведената истрага на оваа, наводна, сообраќајна несреќа, власта се обидува да го одржи во јавноста сомнежот, па и стравот, дека и зад сообраќајни несреќи со трагичен крај на новинари во Македонија можеби не стојат објаснувањата кои официјално се даваат од надлежните институции.

ТМ укажува дека тој вид на притисок врз слободата на изразување, но и врз други основни човекови права во земјава, спаѓа во најцрниот пропаганден и владејачки арсенал на тоталитарните режими во светот.

ТМ ги повикува надлежните органи да излезат во јавноста со сите детали и комплетна истрага во врска со сообраќајната несреќа во која животот го загуби Никола Младенов.

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција за извештајот на Транспарентност Македонија, каде ја обвинува дека е “типичен пример за партизирана невладина организација која ја раководат и управуваат членови на раководството на СДСМ.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.