Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новите институции на тест – ќе го разрешат ли случајот „Макпетрол“?

0
By Нова ТВ on July 11, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Случајот „Макпетрол“ и натаму е во статус кво, цела година откако анонимната офшор-компанија „Балкан петролеум холдинг лимитед“ се обиде да го преземе македонскиот нафтен гигант. Комисијата за хартии од вредност, која уште во септември лани „привремено“ ја запре постапката, и натаму не соопштува дали има конечна одлука за понудата на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“

Од КХВ повторно кусо коментираат дека постапката е прекината и упатуваат на штурото образложение од пред девет месеци – дека се чека „решавање на претходно прашање кај друг надлежен орган“.

Во изминатата година, досегашната власт го игнорираше случајот „Макпетрол“ и не направи ништо за да ги истражи сомнителните руско-украински инвеститори и потеклото на нивните парисо што се јавија сомнежи дека некој се обидува да дозволи „упад“ во македонскиот нафтен бизнис и влез на сомнителен странски капитал во домашното стопанство. Прашањето сега е: дали новата власт ќе заземе посериозен однос и ќе го разреши случајот „Макпетрол“, а со тоа и ќе ја запре неизвесноста за вработените, акционерите и целата македонска јавност?

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека деновиве се запознава со случајот, иако тој не спаѓал директно под негови ингеренции. До крајот на неделава е предвидена средба со министерот за економија на која ќе се разговара за Макпетрол, вели Анѓушев.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска воопшто не излезе во јавноста да објасни до каде е постапката, наспроти повиците на експертите за транспарентност во овој важен случај. Претседателот на КХВ го избира Собранието со мандат од пет години, а Чингаровска на позицијата дојде во февруари 2013 година. Според експертите, доколку се истражи и се утврдат пропусти и злоупотреби во работењето на Претседалот или членовите на КХВ, Собранието може да иницира постапка за смена на Чингаровска и пред истекот на мандатот.

Дел од аналитичарите го отворија и прашањето на кривична одговорност за раководството на КХВ, со оглед на тоа дека неносењето конечна одлука се одолжи повеќе од една година, а неизвесноста нанесува штети и го отежнува работењето на Макпетрол.

Во секој случај, разјаснувањето на позадината на обидот за преземање, но и на причините за игнорантскиот однос на институциите во изминатата година ќе биде една од првите важни задачи и голем тест за новата власт.

*Маркетинг текст

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.