Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ново сведоштво: Ми гарантираше дека ќе направи да родам машко бебе

0
By Менче Атанасова Точи on April 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гинекологот Никола Дамчевски на сопружници од Кавадарци им ветувал дека може да направи да добијат машко бебе и за тоа им земал 5000 евра. Станува збор за Јасмина А. која е уште една жртва на гинекологот кој  девет месеци манипулирал и лажел пациентка дека е бремена. Истиот гинеколог успеал два месеца да ја лаже Јасмина дека е бремена при што и давал непотребни лекарства  иако жената веќе имала две деца и можела да забремени по природен пат.

Приказната започнала при нивната прва средба кога жената која веќе била во осмиот месец на бременоста отишла во една приватна болница каде што првично работел гинекологот Дамчевски. Таму имала закажано снимање на 4 Д ЕХО за да го види детално бебето, да не има некакви аномалии бидејќи во Кавадарци немало таков апарат. Носела женско бебе, а веќе имале една ќерка. При прегледот Дамчевски  и рекол доколку сакаат машко дете, за трето да го бараат бидејќи постои метода со која може да го направи тоа. Во 2011 година сопружниците за да не ризикуваат по трет пат да добијат женско бебе,  одлучиле да одат во болницата „Св. Лазар“ каде што се префрлил да работи гинекологот. Отишле во надеж дека постои начин како да добијат машко бебе.

„Гинекологот Дамчевски ни објасни дека тоа ќе го постигне со некаква ПЏД технологија, некаква нова метода. Под дејство на целосна анестезија ми извади јајце клетки и така оплодени со спермата од сопругот рече дека ќе ги прати во Бугарија каде ќе се испита кој е машкиот ембрион за да го врати назад и така да зачнам со машко бебе. По две недели чекање, наводно одбраниот ембрион го врати во матката. За цело време, за секое испитување и снимање ни земаше дополнителни средства, а за самата процедурата плативме 5000 евра. За тоа добивме само една сметкопотврда, не и фискална сметка „ја започна својата приказна за НОВА, оваа кавадарчанка.

Веднаш и кажал дека е бремена и таа започнала да оди на контроли кај него. Јасмина тврди дека за цело време добивала непотребни лекарства, хормонална терпија, инјекции против коагулација на крвта. На секој преглед на ЕХО и пуштал да слуша срцев ритам на бебето, ги мерел димензиите на плодот.

Јасмина вели дека кога почнала да крвари му се јавила, а тој и рекол никако да не оди на друга лекар, туку да дојде право кај него за да и даде лекови.

„Кога отидов ми стави инфузија во која се сомневам дека воопшто имаше некаков лек бидејќи крварењето не престана. Јас уште веднаш отидов во болницата во Кавадарци каде што ме прегледа гинекологот кој ми соопшти дека не сум бремена. Тоа беше шок. Отидов на уште еден приватен гинеколог и тој ми потврди дека не сум воопшто бремена. Му се јавив на Дамчевски, а тој ме убедуваше на никого да не верувам“, рече Јасмина А.

Оваа жена вели дека после тоа докторот Дамчевски одбегнувал да се сретнат, многу пати не одговарал на телефонските повици. Еден ден сопружниците отишле ненајавено и го прашале што е ова, покажувајќи му ја ЕХО снимката направена кај друг гинеколог,  на која се гледало дека Јасмина не е бремена.

„Тој ми рече дека не се развил плод, едноставно се исушил и дека тоа се случува во медицината. Кога виде колку сум револтирана ми даде празен лист хартија и ми рече да се потпишам на него. Не знам зошто го стори тоа, дали сакаше да ми го злоупотреби потписот, но јас не ставив свој потпис таму. Но, она што можам да кажам е дека Ин витро постапката во ова болница не личеше на ништо. Ние не знаеме колку јајце клетки извадил од мене и каде се,ниту пак,  каде завршил материјалот од мојот сопруг. Тоа е многу страшно“, изјави Јасмина.

Јасмина сега е мајка на три деца, две девојчиња и трето машко кое го добила по природен пат. Вели дека кога ја слушнала приказната на НОВА многу се вознемирила бидејќи како што вели„кога мене ми беше многу тешко што веќе имав две деца, како им било на другите жени кои се бореле со стерилитет“.  Таа својата приказна ја раскажа, за како што рече, да не страдаат други жени и да се стави крај на манипулациите од овој лекар.

Во меѓувреме, случајот кој силно одекна во јавноста, не допре до директорката на Клиниката за гинекологија. Марија Хаџи Лега. Таа и денеска не одговори на телефонските повици и на СМС пораките на НОВА. За друг медиум вчера објаснила дека гинекологот такво нешто нема направено на Клиниката за гинекологија каде што работи од септември минатата година, на одделот за Ин витро фертилизација.

Од ОЈО велат дека се води истрага по поднесената кривична пријава од страна на сопружниците кои го обелоденија скандалот, за сторени кривични дела Тешки дела против здравјето на луѓето, Измама и Фалсификување на исправа за што јавен обвинител ги прибавил сите материјални докази и медицинска документација. На испитување бил повикан осомничениот лекар, оштетените, како други сведоци, така што се очекува донесување на одлука. На прашањето на НОВА дали против истиот осомничен лекар се поднесени други пријави, од обвинителството одговорија дека ова е единствена, но доколку се пронајдат нови докази и се јават други оштетени, може да се отвори нова истрага.

 

бремена жена манипулирал машко бебе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.