На денешната аукција на хартии од вредност, државата денеска се задолжи со 4.3 милиони евра од домашните кредитори, наместо бараните 3.2 милиони евра.
До крајот на овој месец нема раздолжување, туку закажано е уште едно задолжување на домашниот пазар за следниот вторник.
Дополнителниот заменик министер Кире Наумов неодамна ги предупреди домашните кредитори за можноста во наредниот период Владата да ги поништи одлуките и во Министерството за финансии, со образожение дека се донесени без согласност од дополнителните заменици министри.