Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ново задолжување од 81 милион евра, Наумов бара Ставрески да го образложи

0
By Нова ТВ on March 8, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот Ставрески треба да им објасни на граѓаните кој е основот за овие задолжувања. Дали овие средства планира да ги „истури“ во предизборниот период или е свесен за реалната економска состојба и погрешните економски политики на Владата на РМ во изминатиот период?, прашува дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов, по денешната аукција на државни хартии од вредност, каде министерството запиша 81 милион евра во државни записи.

Утре по основ на доспеани долгови, Министерството за финансии треба да врати во стопанството 76 милиони евра.

Не се знае каде министерството за финансии ќе ги употреби дополнителните пет милиони евра.

„Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 81 милион евра во државни записи. Повторно повеќе од потребното за враќање на доспеаните обврски.

Заклучно со денешната аукција нето долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра. Министерот Ставрески треба да им објасни на граѓаните кој е основот за овие задолжувања.

Дали овие средства планира да ги „истури“ во предизборниот период или е свесен за реалната економска состојба и погрешните економски политики на Владата на РМ во изминатиот период?

Дали ваквите задолжувања се последица на општата намалена економска активност и драстичното намалување на редовните приливи во буџетот?

И Народната банка на РМ во последниот извештај за макроекономските показатели констатираше потфрлање во приливите од ДДВ, данокот со најголемо учество на приходната страна.Во 2015 година и според НБРМ приливите од ДДВ се пониски за 6,3 отсто од проектираните и што е уште поалармантно, во апсолутен износ приливите од ДДВ во 2015 година се пониски од износот собран во 2014 година“, стои во рекацијата на Наумов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.