Владата денеска се задолжи со нови 34,7 милиони евра, иако бараше 30,5 милиони евра колку што треба да врати утре кај домашните кредитори.
Според резултатите од аукцијата на шестмесечни државни записи добиени се 6,2 милиони евра , а се бараа 8,7 милиони евра. Кај едногодишните државни записи, Владата собра 28,5 милиони евра,а бараше 21,8 милиони евра.
Последните задолжувања на Владата не добија зелено светло од дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов кој на почетокот на неделава предупреди дека во петте последни аукции Владата направила нов долг од 56 милиони евра.
Јавниот долг моментално изнесува 48 отсто од Бруто домашниот производ.