Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новото тело со различна функција од Советот за реформи во правосудство

0
By Нова ТВ on January 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата во правосудството со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев е сосема ново тело со различна функција од веќе формираниот Совет за реформи во правосудството, појасни денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

По денешниот редовен брифинг со новинарите, Бошњаковски изјави дека не се работи за недоверба во досегашниот Совет за реформи, туку за формирање на сосема ново тело кое треба да ја следи имплементацијата на веќе донесената Стратегија.

– Се работи за суштинска разлика во процеси. Имаме работна група која креира нешто и имаме друг тип на тело е мониторира нешто. Новото тело ќе ја следи имплементацијата на Стратегијата за правосудство, појасни Бошњаковски.

Тој нагласи дека членовите на Советот за реформи во правосудството успешно ја сработиле својата работа, а каква ќе биде функцијата на ова тело во иднина, како што рече, е дискреционо право на министерот, односно во која форма тоа ќе продолжи да работи.

Во однос на тоа зошто премиерот Заев ќе претседава со ова тело и дали тоа значи недоверба во министерот за правда, портпаролот Бошњаковски рече дека не се работи за недоверба, туку дека со ваквиот потег реформите во правосудството се издигнуваат на едно повисоко ниво.

– Реформите во правосудството се едни од суштинските во Планот 3-6-9 и едни од суштинските по извештаите на Прибе. Сега го издигнуваме значењето и политичкиот аспект на реформите на едно повисоко ниво, односно на ниво на Влада. Сега одиме кон суштинска имплементација на реформите, потенцира Бошњаковски.

До крајот на јануари ќе треба да бидат познати членовите на новото тело.

Влада ново тело СОвет за реформи во судството
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.