Основното училиште „Битолски Конгрес“ во општина Чаир наскоро ќе биде пуштено во употреба, но родителите забележале дека неговиот заден дел има искривен кров, објавува Алсат-М.
Според директорот на училиштето Фаик Џони нема отстапување од проектот, изведувачот компанијата „Феџо компани“ од Тетово вели дека проектот е испочитуван во целоснт.
Проектантот објаснува дека ваквата форма на покривот на училиштето е инфраструктурна атракција, која во геометријата се викала „одмор во просторот“.
„Во рамките на проектот тоа е фигура во просторот што ја сече површината. Тоа е геометриска форма и ја сече површината“, вели Сефер Аземи, Интерпројект.
За изградба на ова училиште, кое според министерството за образование ќе биде отворено до крајот на месецов, се доделени над два милиони евра, а се гради уште од 2009 година.




