Денеска почнува пописот во Босна и Херцеговина, држава која има внатрешни проблеми и се уште не се знае дали конечно ќе опстои како таква, успеа да ги надмине разликите и покажа институционален капацитет за спроведување на попис на населението, велат од НСДП и констатираат дека Македонија остана единствената држава во регионот која не успеа да спроведе попис.
Очигледно владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со своите политики чекор по чекор, но сигурно ја сместува Македонија на балканското дно.
Зошто до денешен ден, ниту премиерот Никола Груевски, ниту неговиот коалициски партнер Али Ахмети не излегоа пред јавноста да дадат одговор, прашуваат од НСДП:
– Како и зошто пропадна пописот во 2011?
– Која е вистинската причина за прекинувањето на пописот во 2011 година?
– Дали една од главните причини за пропаѓањето на тој попис е големиот број на иселени граѓани, Македонци и Албанци, заради лошата економска состојба, сиромаштијата и бесперспективноста која владее, особено кај младата популација?
– Дали пописот е прекинат затоа што постои голема веројатност да се потврдат бројките за иселените граѓани од Република Македонија според Евростат и Светската банка?
– Дали се исплашивте од можниот исход, во Македонија да се случи да има повеќе избирачи отколку жители?
– Кој ќе ја сноси одговорноста за последиците од неспроведувањето на оваа статистичка операција?




