НСДП ја повикува владата да ја одложи изградбата на зградата на Советот за радиодифузија, како и сите други објекти од проектот Скопје 2014 и со тоа на општина Центар да и се остави време да организира референдум на кој граѓаните на Центар јасно ќе ја изразат својата волја дали сакаат да живеат во општина со барокни згради или во општина со повеќе зеленило.
-Уништувањето на зеленилото во општина Центар е спротивно на волјата на граѓаните јасно изразена на локалните избори оваа година, реагираат денеска од НСПД.
„Во сите нормални европски држави отпочнувањето на градби на нови објекти е свечен чин и се одбележува со разни пригодни манифестации. Само во Македонија режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави со насилие, злоупотребувајќи ја полицијата, која што ноќеска и апсеше и го осветуваше новиот објект во паркот кај хотелот Бристол“.




