Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НУК бара од Народна банка да овозможи банките да им отпишат дел од обврските

0
By Нова ТВ on April 26, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независната угостителска комора (НУК) достави Иницијатива до Народната банка за промена на законските акти и прописи со што ќе им се дозволи на комерцијалните банки да извршат делумно отпишување на обврските за угостителската индустрија, намалување на каматите на кредитите и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година, заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година.

Според НУК, банките во моментов поради постојната законска регулатива не се во можност самостојно да излезат во пресрет на потребите на угостителската индустрија и да направат дополнителни одлагања на обврските односно репрограмирање на доспеаните долгови по основ на користени кредити.

-Очекуваме во најбрз рок да предложите и изработите системски решенија и правни акти со кои ќе им дозволите и ќе им препорачате на сите банки да извршат делумно отпишување на обврските, намалување на каматите на кредитите за угостителската индустрија и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година за една година со што ќе се овозможи на угостителите кои тонат во обврски да можат да се реструктуираат и да ја вратат својата финансиска кондиција како би се створиле услови да ги подмируваат редовно обврските кон добавувачите, вработените и банките, се наведува во Иницијативата испратена електронски до гувернерката Ангеловска-Бежовска.

НУК очекува Ангеловска-Бежовска да ги покани на работна средба на која детално би биле образложени потребите на угостителската индустрија.

-Веќе подолго од година дена соочени со пандемијата Ковид-19 угостителите, угостителските работници и целокупната угостителска индустрија трпи енормни загуби и штети. Поради забраните и ограничувањата на работното време, како и посебните препораки и протоколи за работа поголемиот дел на угостители не се во можност да остварат доволно приходи со кои можат навремено и целосно да ги подмират своите обврски вклучувајќи ги и инвестициските обврски за кои угостителите се корисници на краткорочни и долгорочни кредити во повеќе македонски банки во износ на скоро 100 милиони евра. Покрај угостителите и угостителските работници имаат преполовени или се останати целосно без своите редовни приходи, пишува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Јосифовски додава дека во изминатиот период дел од банките излегоа со парцијални решенија за репрограмирање на обврските на угостителите и угостителските работници.

-За жал, никој од нас не очекуваше дека КОВИД-пандемијата ќе трае толку долго за што понудените периоди на одлагање на доспеаните обврски и нивното репрограмирање истекоа. Голем дел од нас се во ситуација од ликвидни и солидни да станат неликвидни фирми, со зголемени обврски по разни основи, вклучувајќи ги и обврските по основа на користени краткорочни и долгорочни кредити, наведува Јосифовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.