“Не мислиме дека е можна стабилност ако нема слобода, демократија, правичност и раст. Мислиме дека овие работи одат една со друга. Особено во земји со предизвици како мултиетничноста што ја имате. Во Македонија морате да имате систем во кој луѓето имаат доверба”, вели помошничката државен- секретар на САД во интервју за Алсат-М.
-Воспоставувањето доверба во судскиот систем за сите Македонци, независно од нивната политичка партија, е аполутно суштинско. Тоа е дел од оваа криза, дека луѓето немаат доверба во системот. Така што, дел од решението мора да биде посветување особено внимание на прашањата од областа на судството, заедно со чекори кон целосна истрага на сомневањата кои произлегуваат од скандалот.
На прашањето за мислењата во јавноста дека решавање на политичката криза во Македонија не е можно без позначајно инволвирање на американската дипломатија, на повисоко ниво, Нуланд вели:
-Ако имаме потреба од американска интервенција на повисоко ниво овде, за поддршка на тој процес, тогаш очигледно ќе ја обезбедиме, како што би ја обезбедил и комесарот Хан. Но, она што навистина го сакаме е Македонците да ги засукаат ракавите и да ги затворат овие последни јазови, за земјата да се врати на својата работа, на својот демократски курс. А, и ние да се вратиме на работата, да ви помогнеме во вашите НАТО-аспирации, вели Нуланд.




