Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НВО Инфоцентар: Притисоците врз средношколците да престанат веднаш

0
By Нова ТВ on April 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 14, 2015 12:58

НВО Инфоцентарот реагира на притисоците врз средношколците кои се случија минатата недела за време на бојкотот на формалната настава во средните училишта.

„Притисоците и заканите врз средношколците, нивните родители, но и наставниците кои не се согласуваат и им се спротивставуваат на владините образовни политики во државава, претставуваат директно загрозување на слободата на изразување и слободата на здружување.

Граѓаните во Република Македонија, и според Уставот и според сите меѓународни документи кои ги има ратификувано државата, имаат право слободно и непречено да ги градат и искажуваат своите ставови и мислења, и имаат право на слободно собирање и изразување мирен јавен протест. Дури и Конвенцијата за правата на децата им ја гарантира на младите, слободата на мислење, на здружување и на мирно протестирање.

Едновремено, државата не само што треба да ги почитува основните слободи и права на граѓаните, таа има обврска да им овозможи на децата непречено уживање на нивните права вклучително и на правото на слободно изразување и здружување.

Имајќи го предвид ова, НВО Инфоцентарот бара веднаш да престанат сите форми на притисок и закани врз средношколците, родителите и наставниците, како и да бидат преземени сите мерки од страна на надлежните институции, граѓаните слободно и непречено да го изразат своето мислење и мирно да протестираат.“ се вели во реакцијата на НВО Инфорцентарот.

* Средношколци: Бојкотот ќе трае додека Адеми не нè повика на средба

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.