На фотографијата испратена од страна на граѓани од околните згради до градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски се гледа градежен ископ спроти Хотел Бристол.
Според информациите на граѓаните, се работи за излез од евакуационен ходник од Собранието на Република Македонија.
Од општина Центар го прашуваат министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески дали пред почетокот на градежните работи минстерството и тој самиот имале сознанија дека тука постои ваков подземен објект.
– Ја прашуваме министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска доколку постоеле такви сознанија, дали тоа беше причината непосредно пред отпочнувањето на градежните работи да испрати цела армија на специјалци?, реагираат од општина Центар.
Овој простор како ниеден друг градежен објект сеуште е обезбеден со полицајците од специјалните сили. Ја прашуваат министерката Јанкуловска што сакаат да сокријат со засиленото полициско обезбедување?
„Напоменувам дека пред 10тина како градоначалник на општината, но и како граѓанин упатив отворено писмо до министерката Јанкуловска со прашање зошто центарот на Скопје се наоѓа под полициска опсада. До денеска немам добиено никаков одговор од министерката за внатрешни работи“, нагласи градоначалникот Жерновски.




