Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

О, да, Мицкоски одлично сè разбира

0
By Биљана Секуловска on July 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 11, 2020 10:48

Точката секогаш подразбира можност и за извичник- како во случајот со дебатата Заев- Мицкоски, последната, пред изборите, кога Заев сметаше дека ја поставил дијагнозата со крајната реч- “Вие господине Мицкоски, ништо не разбирате. Точка”.

Можеби е штета ова треснување на таа точка, затоа што Заев многу добро знае дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одлично сè  разбира. И веројатно, повеќе отколку што може да се претпостави. И токму и на таа карта тој игра- да се знае сè,  да се креира некаква црна дупка, резервирана за сите нас, полна со стравови за иднината, со кои тој би не дочекал, славејќи ја на тој начин таа своја националистичка победа.

Да се потсетиме на стравовите на владеењето на Груевски, да не може да се избави никој, да се биде секогаш присутен во потпалувањето на таа колективна меморија. Тоа е улогата на Мицкоски, и тој одлично ја игра, беспрекорно. Секогаш да се преминува работ, да се мавта со заплашувања, закани, црни сценарија на нови непријатели, војни, опсади.

Албанци, Бугари, Грци, списокот е секогаш подготвен, нè чека како војска на готовс, нов можеби не, но историјата секогаш е тука да не удри сите, да се потсетиме- балканската крв врие, во котелот влегуваме еден по еден, во строј. Лидерите како Мицкоски исчезнуваа од мапата, но штетите додека беа на сцена беа непоправливи.

На Мицкоски му е кристално јасно дека гази на тенка жица, буквално чекори на работ со обвинувањата кон СДСМ- дека  подготвуваат  федерализација, затоа тие драматични и високи тонови, за кои секако дека и тој знае дека се темелат на опасни лаги и манипулација.

Но, уште поопасно во ова сеење зла крв е продуцирањето на замрзнување на крвта, поттикнување на омраза и гнев кон Албанците, од што никогаш тој нема да може да се ослободи, еднакво, како и неговиот претходник Груевски.

Следото буре полно со барут во неговите фаталистички и националистички походи секако дека се Бугарите. Еднакво како и третиот сон за уништување на пријателството со Грција, тоа се фантазиите на Мицкоски и неговата партија.

На договорите со овие земја се чекаше со децении, сега е време да се запали и расфрли пепелта- овие радосни воинствени извици на Мицкоски и Силјановска се најава за новата ера на старите балкански, така тврди глави, одамна присутни, но никогаш не се уморија од мечтите да се мрази и презира. На крајот секогаш се испоставува дека таа победа е јалова, не мислам на изборна, туку на онаа националистичката, воинствена реторика, која само некоја деценија наназад, беше иницијалната каписла за балканските војни, за милошевиќките мегаломански соништа за чисти нации, големи Србии, крвави походи како оној со масакрот во Сребреница- од нив никогаш таквите лидери не се ослободуват.

Оваа дијагноза на Балканот од која историски успеавме да се извлечеме без крвави последици, ни чука повторно да ја зароби иднината. Мицкоски, кога  е доста, или подобро,  зарем не ви е доста?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.