Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

О.Струмица vs Груевски: Патот Струмица-Попчево е наш проект

0
By Нова ТВ on September 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 21, 2013 16:45

Струмица и градоначалникот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, станаа „ноќна мора“ на премиерот Груевски, се вели во реакцијата на општина Стримица по денешната посета на премиерот на тој регион.

„Не само што Груевски денеска ја крстареше Струмица, по бањи и игралишта, ставаше камен темелник, туку отиде дотаму што сечеше лента на локален пат. При тоа станува збор за проект што не е владин.

– Патот Струмица – Попчево, што го пушти Груевски во употреба е проект на општината Струмица и Светска банка.

– Проектната документација со сите ревизии е направена од општина Струмица. Општината потроши над 7 милиони денари за експропријација на земјиштето, за да може да се изгради патот, а средствата за реализација на овој голем проект се од Светска банка, реагираат од општина Струмица.

Од општината прашуваат: Господине Груевски, како тогаш патот Струмица – Попчево е владин проект? Кажете, колку пари издвои Владата од буџетот за реализација на проектот? Како не Ви беше срам и покрај се ова, да не поканите барем претставник од општина Струмица?

Инаку, денеска беше пушен локалниот пат со кој се поврзуваат Струмица со селата Попчево, Рич и Белотино. Свеченоста ја отвори македонскиот премиер, Никола Груевски кој истакна дека додека сите политичари ветувале, само неговата Влада го исполнила даденото ветување.

„Сите сме сведоци дека долги години наназад многу политичари и партии ветуваа дека ќе го направат овој пат од Струмица до Попчево. Сепак, изборите доаѓаа и заминуваа, ветувањата се даваа и се забораваа, а патот остануваше ненаправен. Сите граѓани кои од Струмица одеа кон Попчево, браната Водоча, комплексот Цареви Кули и другите населени места, мораа да вртат преку патот од Раборци. Ние ветивме дека ќе го направиме патот и за разлика од некои други го исполнивме ветувањето“, изјави Груевски.

Патот е долг 6 километри и чини околу 615 илјади евра, а во меѓувреме се работи и на патот од Валандово кон Попчево, како и на санацијата на оштетениот мост помеѓу Попчево и Раборци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.