Службата за имиграција и царина на САД (ICE) објави видео од агентот Џонатан Рос снимено со мобилен телефон, на кое се гледа инцидентот во кој 37-годишната Рене Гуд е застрелана во нејзиниот автомобил во Минеаполис, додека истрелите се слушаат од друг агол.
Во видеото од 37 секунди, се слуша како Рене Гуд вели: „Во ред е, не ти се лутам“, додека агентот шета околу нејзиниот автомобил и го снима, со куче на задното седиште.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, го сподели видеото на социјалните мрежи, коментирајќи дека агентот дејствувал во самоодбрана. Локалните власти инсистираа дека жената не претставувала никаква опасност.
Протестите против американската Служба за имиграција и царина (ICE) продолжија денеска по смртоносното пукање врз 37-годишна жена во Минеаполис, а демонстрациите се проширија во неколку други американски држави.
Извор: Слободен печат.мк




