Американскиот претседател Барак Обама го одобри извршувањето разузнавачки летови над Сирија, што е предвесник за евентуални воздушни напади.
Белата куќа е се позагрижена за тоа како да бидат преземени одредени мерки против сунитските екстремисти, а сето тоа да не му оди во прилог на сирискиот претседател Башар ал Асад, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Воени извори на Тајмс изјавија дека одлуката била донесена за време на викендот и предвидува испраќање разузнавачки авиони со пилоти и беспилотни летала над Сирија.
Според „Њујорк тајкмс“ оваа одлука е чекор напред кон директни воени дејстија на САД во Сирија, интервенција, која може да ја промени ситуацијата на бојното поле во земјата, каде се води граѓанска војна.