Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обама ќе и даде шанса на дипломатијата во Сирија

0
By Нова ТВ on September 11, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обама побара од Конгресот да го одложи гласањето за армиска интервенција, откако сириската влада соопшти дека би се откажала од хемиското оружје и дека би ги потпишала меѓународните договори против него.

Официјален Дамаск индицираше и дека би се согласил на рускиот план сириското хемиско оружје да се стави под меѓународна контрола и потоа да се уништи. Американскиот државен секретар Џон Кери најави дека владата во детали ќе го разгледа рускиот план. Кери на оваа тема во четврток треба да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров во Женева.

Обама во синоќешното обраќање рече дека е се` уште рано да се каже дали сириската најава во врска со рускиот план ќе даде резултат, како и дека евенталната спогодба би морала да потврди дека режимот на Асад се придржува до ветеното. Тој оцени дека иницијативата има потенцијал да ја отстрани заканата од хемиско оружје без употреба на сила, особено затоа што Русија е еден од најсилните сојузници на Асад.

Најави дека паралелно со средбата на Кери со Лавров, тој самиот ќе продолжи да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека со првите луѓе на Британија и Франција и преку консултации со Кина и Русија ќе работи на резолуција на ОН – Асад да се откаже од хемиското оружје и тоа да биде уништено. Обама сака и да им даде на инспекторите на ОН можност да ги соопштат наодите од својата инспекција за тоа што се случило на 21-ви август во Сирија.

Па сепак, Обама подвлече дека и` наредил на американската армија „да ја одржува сегашната поставеност за да продолжи да врши притисок врз Асад и да биде во позиција да одговори доколку дипломатијата потфрли“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.