Американскиот претседател Барак Обама оцени дека пушењето на марихуана не е ништо поопасно од алкохолот, но сеедно „тоа е лоша идеја“.
Во разговор за магазинот New Yorker рече дека е погрешно да се верува дека по легализирањето на марихуаната тоа ќе биде универзален лек кој ќе ги реши општествените проблеми. Обама со ова мислеше на неодамнешната легализација на марихуаната за лични потреби во Колорадо и Вашингтон.
Тој веќе предходно призна дека во младоста пушел „трева“. Го сметам дека е тоа лоша навика исто како цигарите кои и јас ги пушев, рекол Обама.