Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обама најави нови санкции врз руската економија

0
By Нова ТВ on July 30, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 30, 2014 11:14

Американското Министерство за финансии соопшти дека воведува нови санкции против Русија, пренесуваат светските агенции.

Санкциите засегаат голем број банки, меѓу кои трите најголеми во Русија: Банката на Москва, Руската земјоделска банка како и Обединетата бродоградежна корпорација на Русија.

Покрај финансискиот сектор новите мерки ја опфаќаат и руската енергетика, како и воената индустрија. Секторските санкции влијаат нафтената компанија „Роснефт”, гасната „Новатек”, државните Газпромбанк и надворешната економска банка. САД ги забрани и кредитите за Русија.

Претседателот Барак Обама ги поддржува санкциите велејќи дека Русија не презема ништо за да се нормализира ситуацијата во Украина, за чија дестабилизација клучна е интервенцијата на Москва. Тој исто така соопштил дека САД нема да испраќа оружје за Украина.

-Тие имаат подобро оружје од сепаратистите. Прашање е како да се стави крај на крвопролевањето на исток на Украина. Главна алатка со која можеме да влијаеме на руското однесување во овој момент е удар на економијата- изјавил Обама.

Според Обама, Русија и сепаратистите во источна Украина не помагаат на меѓународната истрага за трагедијата на летот MХ17 на „Малезија ерлајнс“.

Вчера и Европската унија објави дека сите држави членки постигнале консензус, за воведување нови значително построги економски санкции против Русија поради нејзината улога во дестабилизацијата на Украина и уривањето на малезискиот авион.

Ова е прв пат да се преземат сеопфатни санкции кои влијаат целата руска нафтена индустрија, финансискиот сектор, како и одбранбениот и технолошкиот сектор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.