Премногу рано да се каже какви чекори САД ќе преземат против ИСИС во Сирија, изјави претседателот Барак Обама во четвртокот.
“Не сакам да се стави количката пред коњот”, изјави Обама пред новинарите за време на прес-конференцијата во Белата куќа. “Немаме стратегија уште.”
Обама изјави дека тој побарал од највисокиот претставници на одбраната на Америка да подготват “низа опции” за тоа што САД би можеле да направат за со ИСИС во Сирија, кои тој ги опиша како “безбеден рај” за екстремистичката група на Суните што се нарекува Исламска држава .
Тој додаде дека сега нема поента да се бара акција од Конгресот, кога нема сеуште изготвено план.
“Ние треба да бидеме сигурни дека имаме јасни планови, дека сме ги развиле. Во тој момент, јас ќе се консултирам со Конгресот и бидете сигурни дека нивниот глас се слуша”, рече Обама. “Но, не постои поента да се прашувува за акција Конгресот, пред да знам точно што се бара за нас да се заврши работата.”