Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обама се поблиску до подршка за напад на Сирија

0
By Нова ТВ on September 3, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врвни американски законодавци од обете партии кажаа дека ќе го поддржат претседателот Барак Обама за воена интервенција против Сирија, кога прашањето ќе биде ставено на гласање следната недела.

Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер и лидерката на малцинството во Претставничкиот дом Ненси Пелоси дадоа изјави по денешната средба со претседателот Обама во Белата куќа.

Бејнер, лидерот на Републиканската партија во Претставничкиот дом, истакна дека САД имаат способност да го запрат сирискиот претседател Башар ал-Асад и мора да испратат предупредување до другите држави дека употребата на хемиско оружје нема да се толерира.

Ненси Пелоси, која во Претставничкиот дом ја предводи Демократската партија, вели дека употребата на хемиско оружје од страна на Сирија е „надвор од секакво цивилизирано однесување“. Таа кажа дека САД мора да одговорат, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

Сириската влада порекнува дека армијата употребила хемиско оружје.

Демократката Дајен Фаинстаин, која претседава со Сенатската комисија за разузнавање, истакна дека целосно ја поддржува намерата на претседателот Обама за воена акција во Сирија. Конгресменот Енгел додаде дека се надева оти претседателот Обама ќе добие двопартиска поддршка за воена интервенција против, како што рече, военото злосторство.

Обама претходно подвлече дека е сигурен оти ќе соработува со Конгресот за добивање зелено светло за воена акција.

Тој додаде дека од Конгресот бара да одобри „пропорционална, ограничена“ воена интервенција што би испратила „јасна порака“ до режимот на ал-Асад и до која било друга земја заинтересирана за „тестирање на меѓународните норми“.

Тој додаде дека САД воедно имаат „поширока стратегија“ што вклучува надградба на капацитетот на сириската опозиција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

ВЕСТИ October 2, 2025

Десетици илјади демонстранти маршираа низ улиците на француските градови денес, послушајќи го повикот од синдикатите…

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.