Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД заклучиле дека сириската влада спровела напади со хемиско оружје во близина на Дамаск.
Во интервјуто за PBS, тој рече дека сé уште не е донесе одлука за тоа дали да се интервенира воено.
Додека советот за безбедност на ОН расправа за Резолуција со која би се допуштила воена интервенција на Западот во Сирија, Вашингтон и Лондон се чини се нестрпливи па се подготвуваат за напад иако инспекторите на ОН се уште не објавиле податоци за тоа дали силите на Башар ал Асад навистина користеле хемиско оружје, односно нервен гас сарин.
Според најавите на америкснките и британските официјални лица воздушните напади на цели во Сирија можат да започнат во следните неколку дена, па дури и четврток.
Едно објаснувањата според британски Гардијан, за потребата од брз е одговор е дека западните лидери сакаат казната да следи веднаш откако е злосторот направен, на тој начин во очите на јавноста со тој свој напад дирекно би го казниле „недопустливото однесување“ на режимот на Асад.