Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавен извештајот за човековите права на Стејт Департментот за 2021-Како стои Македонија ?

0
By Mirjana on April 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: foreignpolicy.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2022 14:20

Американскиот Стејт Департмент го објави глобалниот извештај за состојбата со човековите права во речиси 200 земји од светот вклучително и за Република Северна Македонија.Во општата оценка стои и оценката за парламентарните избори во 2020 година од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ дека изборите „генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата COVID-19. но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“. Извештајот ги окарактеризира изборите како „вистински конкурентни“ и покрај ограничената способност на политичарите да спроведат достапност за време на пандемијата, се наведува во генералната оценка на извештајот.

Полицијата ја одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и безбедноста на границите. Цивилните власти одржуваа ефективна контрола над безбедносните сили, се наведува во општата оценка на извештајот на Стејт Департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2021 година.

Значајните прашања за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за: лоши услови и голема пренатрупаност во некои затворски одделенија; закани врз новинари; недостаток на одговорност за родово и семејно насилство; и за злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица, нотира извештајот.

Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција. Народниот правобранител веруваше дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото, стои во генералната оценка за состојбата со човековите права во земјава за 2021 година.

Извештајот утврдил, врз основа на информации од Единицата за професионални стандарди (ЕСС) при МВР,  дека „во првите 7 месеци од 2021 година постапила по 38 пријави кои се однесуваат на употреба на прекумерна сила од страна на полициски службеници. Одделението оцени дека 6 од жалбите се неосновани, отфрли 30 поради недоволни докази, а две потврди. За овие два случаја поднесени се кривични пријави против двајца полициски службеници за „малтретирање при вршење на должност“.

Што се однесува до состојбата во затворите „на тапет“ е ставен затворот Идризово во кој е сместена 45 отсто од затворската популација во земјава а тој „ продолжи да работи со единици кои беа дотраени, сериозно пренатрупани и со изложеност на некои затвореници на нехумани и понижувачки услови. Распространетата корупција на затворскиот персонал беше значаен проблем во затворскиот систем“ наведува извештајот, кој ги опишува и физичките услови нотирани во рапортот од ад хок посетата на земјата во декември 2020 година,на Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа (CPT) кој објави дека, „ иако условите на притвор биле општо прифатливи во новите отворени и полуотворени одделенија во затворот Идризово во двокатната секција, затворската амбуланта како и останатите келии продолжиле да работат во услови на сиромаштво, расипаност и пренатрупаност, слабо загреани и влажни, распаднати ѕидови, скршени прозорски рамки и мебел, опасни импровизирани електрични инсталации, дупки на подот и таванот и бедна хигиена наезда од штетници, купишта несобрано ѓубре во ќелиите и пенетрација на вода. Комуналните санитарни јазли беа во лоша состојба со тоалетите на првиот кат кои испуштаа смрдеа и беа покриени со фекалии, чешми што капеа и инсталации за вода, поплавен под и без функционално вештачко осветлување“, стои во извештајот.

За слободата на изразување вклучително и на претставниците на медиумите, извештајот на Стејт Департментот пренесува став на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), дека сепак, одговорот на органите на прогонот и на судските органи на случаите на насилство од трето лице и заплашување на новинари бил бавен и неефикасен.

Заклучно со 20 септември, Скопското јавно обвинителство разгледало 17 кривични пријави за закани и физички или онлајн напади врз новинари. Обвинителите утврдија дека три од тие претставки заслужуваат дополнителни обвинителски истраги, а три се упатени до Министерството за внатрешни работи поради квалификување како прекршоци. Останатите 11 не заслужуваат обвинителска проверка поради недостиг на докази кои докажуваат криминално однесување, стои во извештајот на Стејт Департментот. Поединци може јавно или приватно да ја критикуваат владата.

Советот за етика во медиумите продолжи да работи на унапредување на саморегулацијата. Заклучно со 25 август, Советот примил 95 поплаки за неетичко известување и лажни вести, што е за 10 отсто помало од бројот примени во истиот период во 2020 година.

 Извештајот ја третира и корупцијата. Делот 4 оди со наднасловот Корупција и недостаток на транспарентност во владата.

Законот предвидува кривични казни за осудени за корупција од страна на службеници. Владата генерално го спроведуваше законот, но имаше извештаи за функционери вклучени во корупција. Невладините организации изјавија дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Претседателката на Комисијата за борба против корупција и судир на интереси (ДКСК), Билјана Ивановска изјави дека и покрај зголемената перцепција за корупција во судството, само 20 отсто од претставките поднесени до ДКСК го вклучи судството, што укажува на јаз меѓу перцепцијата и искуството, наведува, меѓу другото Извештајот за состојбата со човековите права на американскиот Стејт Департмент за 2021 година во Северна Македонија.

(М. Трпческа) 

(М. Трпческа) 

 

 

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СВЕТОТ ЗА 2021 И ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.