Државниот завод за статистика го објави Конкурсот со кој ќе се бараат 5055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони, со цек, како што велат оттаму, навремено да се изберат
потребните реонски попишувачи и инструктори и да се остави доволно време за нивна обука.
-Условите се: кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини. Пријавувањето ќе се врши преку веб-апликацијата која ќе биде поставена нa веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, a документите ќе се доставуваат по пошта до Државниот завод за статистика, или кандидатите ќе можат да ги донесат на денот на закажаното тестирање во комисиите на пописните реони, соопштија од ДЗС.
Од Заводот ги повикуваат сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, да се пријават на Конкурсот и да дадат свој придонес во успешно спроведување на најголемата статистичка акција. Пописот ќе се спроведе од петти до 30 септември.