Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавен нов оглас за самовработување со кредитирање

0
By Нова ТВ on November 7, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во наредните десетина дена сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да аплицираат за добивање средства во рамки на Проектите за самовработување со кредитирање, за самовработување со кредитирање за невработени млади лица до 29 години, за кредитирање микро и мали претпријатија за отворање нови работни места и за кредитирање микро и мали претпријатија за отворање нови работни места за млади лица до 29 годишна возраст.

Како што најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов целта е да се создаваат и креираат можности за сите невработени лица, но и да се поттикнат сите оние кои имаат сопствен бизнис, идеја и концепт за развој на сопствена компанија да се активираат.

– Би сакал да ги мотивирам сите оние кои размислуваат за основање сопствен бизнис, особено младите да ја искористат оваа шанса и да подигнат поволен кредит за самовработување и отворање нови работни места со што не само што ќе се отворат нови работни места, туку и ќе се поттикне и развие претприемништвото, рече Спасов.

Кредитобарателот од средствата за самовработување млади до 29 години може да подигне 7.000 евра, а за секое ново отворено работно место дополнителни 4.000 евра при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра, рок на враќање на средствата е 7 години со грејс период од 18 месеци и каматна стапка од 1 процент на годишно ниво.

– Сакам да ги поттикнам и сите приватни компании кои планираат да отворат нови работни места за млади, да ја искористат оваа шанса и да аплицираат за поволниот кредит при што доколку вработат младо лице можат да подигнат кредит до 4.000 евра за секое вработување или до 12.000 евра за вкупно три вработувања, при што рокот на враќање е 2 години со грејс период од 1 година и само 1 процент каматна стапка, рече Спасов.

Сите заинтересирани субјекти и невработени лица може да поднесат барања за учество во некоја од овие мерки, или да се обратат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Република Македонија, каде што исто така, можат добијат детални информации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.