Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавен повторениот повик за субвенции на евтини авиолинии

0
By Нова ТВ on September 13, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за транспорт и врски денеска го објави повторениот повик за субвенции за евтини авиолинии за домашни и странски авиопревозници кои ќе оперираат од Скопскиот и Охридскиот аеродром.

Објавата следи по поништувањето на повикот во минатиот месец откако беа констатирано административни пречки кај единствената доставена понуда од унгарскиот авиопревозник „Визер“.

Според министерот за транспорт и всрки Горан Сугарески, со новиот повик се направени  мали измени во уредбата и програмата со цел да се привлечат што повеќе компании да аплицираат.

– Буџетот што го имаме, и условите што ги даваме, овозможуваат во наредните 30 денови да се пријават што поголем број компании, а потоа да избереме авиокомпанија од чии услуги граѓаните ќе видат бенефит. Остануваме посветени во овој дел и нашата цел е повеќе да се фокусираме на охридскиот аеродром и согласно условите во уредбата и изработената програма, очекуваме во наредните 30-40 денови да биде комплетно завршено, за да во 2019 година продолжи финансирањето на нискобуџетните авиокомпнаии, изјави Сугарески, при денешмната посета на општина Могила.

Со новиот повик, уредбата и програмата што ги усвои новата Влада, е предвидено од почетокот на следната до крајот на 2021 година  по основ на субвенции за евтини авиолинии да бидат наменети 312,4 милиони денари или пет милиони евра.

Според условите на повикот, авиокомпаните ќе имаат обврска до 10 јануари следната година да воспостават база од најмалку еден авион на скопскиот или охридскиот аеродром. Со поништениот повик се бараше задолжително воспоставување по една база и на скопскиот и на охридскиот аеродром. До 10 јануари  треба да започнат со оперирање на најмалку две нови дестинации од аеродромот во Скопје и на најмалку две нови дестинации од охридскиот аеродром, од каде во рок од една година по склучување на договорот ќе треба да воспостават уште две линии.

За секоја нова дестинација од аеродромите во Скопје и Охрид на избраната авикомпанија ќе ѝ се исплаќа еднократен надомест од по 40.000 евра, а се субвенционира и секој патник во заминување во тек на субвенционираниот период.

Компаниите што ќе аплицираат на повикот, меѓу другото, треба да имаат превезено најмалку 10 милиони патници и остварено профит од 25 милиони евра минатата година.

Со субвенции од државата во изминатите шест години од македонските аеродроми оперира „Виз Ер“ и за таа намена има добиено 9,5 милиони евра.

евтини авиолинии повик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.