Објавен трејлерот на филмот за јужноафриканскиот водач Нелсон Мандела. Оргиналниот наслов на филмот е ‘Mandela: Long Walk to Freedom’.
Станува збор за службена екранизација на биографијата на 95-годишниот Мандела, која ја режираше Џастин Чадвик според сценарио на Вилијам Николсон.
По повод Меѓународниот ден на Нелсон Мандела, делови од филмот беа прикажани и на Општото собрание во ОН.
Главните улоги ги толкуваат Идрис Елба и Наоми Харис. Филмот во киносалите ќе биде прикажан на 29 ноември оваа година.