Објавена е фотографија на лицето осомничено за нападот во Санкт Петербург, јави Индепендент.
Киргистанскиот Државен одбор за национална безбедност верува дека осомничениот е руски граѓанин роден во Киргистан, а се вика Азбарзхон Џалилов.
Џалилов има 23 години и новинската агенција Интефракс објави дека се верува дека е поврзан со радикални исламистички групи.
Руската служба за безбедност објави дека постои можност бомбата да ја детонирал маж чии делови од телото се најдени во еден вагон на подземната железница.
Рускиот министер за здравство изјави дека бројот на жртви се искачил на 14, а 49 лица се повредени.