Од денеска во основните и средните училишта каде треба да се спроведе екстерното тестирање ќе бидат објавени имињата на учениците со денот кога ќе полагаат.
– Училиштата имаат обврска овие распореди денеска пред почетокот на наставата да ги постават на видно место, со цел учениците да се запознаат на која дата ќе полагаат. Распоредите дополнети со предметот кој ќе го полагаат учениците, ќе се објавуваат секој ден, односно три дена пред секое тестирање, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски
Распоредите ќе бидат објавувани и на веб страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.
Екстерното тестирање ќе се одржи од втори до 10 јуни, кое ќе опфати вкупно 189.037 ученици од четврто одделение до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта.
Целиот процес ќе го следат вкупно 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани и 175 администратори.




