Француските власти отвориja истрага по информациите дека натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Црвена ѕвезда на 3-ти октомври бил наместен. Скандалот го откри угледниот француски весник за спорт „L” Еquipe“ кој објави дека „висок функционер во белградскиот фудбалски клуб “ уплатил 5 милиони евра дека натпреварот ќе заврши со пет голови разлика во корист на ПСЖ.
Предупредување дека натпреварот можеби ќе биде наместен стигнало и до УЕФА. Ваквите стравови само се интензивирале откако ПСЖ победи со потребниот број на голови (6: 1). Нејмар постигна хет-трик.
Весникот анализира дека фудбалерите на Црвена ѕвезда биле пасивни на натпреварот.
„ Дали одбраната на Црвена ѕвезда беше премногу пасивна за головите на ПСЖ? Ова прашање се поставува по вториот, третиот, а посебно по четвртиот гол . Имено Нејмар, Мбапе, Ди Марија и Кавани се шетаа на половината на Црвена ѕвезда.. Сомневањата се и дали прекршокот што доведе до слободниот удар на Нејмар можеше да биде избегнат. Сигурно, како и многу други..“ пишува весникот.
За сомневањата дека натпреврот бил наместен, денеска пишува и шпанскиот весник „Марка“ кој е најтиражен весник за спорт. Весникот од свои извори дознава дека „алармот дека натпреварот можеби е наместен стигнал од обложувалниците кои имаат клучна улога во ситуации како оваа“ наведува весникот.
Цревена звезда и ПСЖ ги демантираа наводите и побараа од УЕФА да испита што навистина се случило.