Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обновен и проширен затворот Идризово: Нови ќелии за новоосудените

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 12:02

Министерката за правда, Рената Дескоска, заедно со Директорот на управата за санкции, Јовица Стојановиќ, денеска пред јавноста ги презентираа новите простории на КПУ „Идризово“ опремени по најсовремени европски стандарди.

Целиот проект за обновување и зголемување на капацитетите на затворот чини 11 милиони евра и е започнат во 2014 година. Во првата фаза изградени се два објекти од отворено и полуотворено одделение со севкупен капацитет од 546 затвореници на простор од 10 илјади метри квадратни вклучувајќи го и оворениот дел од двете згради. Во новите простории ќе бидат сместувани само ново осудувани затвореници.

-Македонија долго време е критикувана во меѓународните и домашните извештаи за несоодветните услови во затворите и со тоа за нехуман третман на лицата кои се на издржување на најтешката казна во македонското законодавство – казната затвор. Денеска повторно ги отвoраме вратите на новоизградениот дел на Казнено поправниот дом Идризово во кој можете да видите поинаква слика, слика која ветува значително подобрени услови за сместување на лицата кои издржуваат казна затвор, изјави Дескоска,истакнувајќи дека „во Идризово се сместени повеќе од 3/5 од затворениците во целата земја“.

Дескоска рече дека пренатрупаноста на затворот е клучен проблем, бидејќи се забележани ситуации во кои во оваа институција биле сместувани и повеќе од двојно поголем број на лица од предвидените капацитети.

Изградени се објекти во Отворено одделение за сместување на 294 осудени лица на површина од 3.800 м2. Изграден е објект во Полуотворено одделение за сместување на 252 осудени лица на површина од 4.000 м2. Ќелиите се за сместување на четири осудени лица, со бања, предвидени се заеднички простории за престој, работилници, фитнес сали, ќелии за лица со посебни потреби, шеталишта и игралишта. Изградена е Пречистителна станица за отпадни води.

Извршена е реконструкција на постоен објект кој се адаптираше во Тренинг центар за одржување на обуки и проверка на знаењата на вработените.

Реконструирана е административната зграда. Набавена е современа опрема за негово функционирање, односно набавена е информатичка опрема, опрема за симултан превод, кујна и мебел за сите простории во објектот.

Директорот на управата за санкции Јовица Стојановиќ одговарајќи на новинарски прашања појасни дека со грант на европската комисија судницата ќе биде префрлена од затворот „Скопје“ во затворот Идризово поради поголемиот број осудени лица кои се наоѓаат во најголемиот затвор во Македонија. Со истиот грант, додаде тој, завршена е постапката за комплетна реконструкција во затворот во Битола во кој  во мај-јуни беше затворен притворскиот дел што не ги исполнува условите. Најави и воведување на пробацијата во сите затвори во Македонија,  проект што треба да почне од 3 септември.

Јовица Стојановиќ
Идризово ќелии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.