Published: Thursday, February 27, 2014 11:06
Полицијата изутрината уапси осуммина вработени во Музејот на Македонија, според првичните информации меѓу уапсените се поранешниот директор на Музејот и актуелниот Дарко Кржовски.
Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство Паско Кузман е осомничен и за кражбата на вредни артефакти од Музејот на Македонија,пренесува „Прес24“. Тој веќе е во куќен притвор за дело поврзано со случајот Фаланга.
Петмина приведени веќе се изведени пред истражен судија а кај двајца сеуште се вршат претреси.
Истрагата утврди дека недостасувааат 166 вредни предмети од културно истoриско значење, кои од Музејот биле изнесувани подолго време, а во тоа биле вклучени лица од внатре.




