Дуња Мијатовиќ, задолжена за слободата на медиумите на ОБСЕ му пишала на Томе Аџиев, претседателот на Комисијата за верификација на фактите, во кое изразила загриженост за начинот на кој се применува процесот на лустрација.

Таа прецизира дека не го доведува во прашања процесот на лустрација туку дека тој процес не треба да се користи за «алатка за замолчување на критичните гласови».

Соопштението вели дека реакцијата се однесува на лустрацијата на Јадранка Костова од Фокус.

«Со оглед на тоа што Фокус е веќе под пресија, вклучително и низа граѓански парници за клевета, одлуката на комисијата може да биде видена како притисок врз неделникот кој го става во опасност овој весник, а како последица може да има поразителен ефект за слободата на медиумите», се вели во писмото на ОБСЕ до Аџиев.