Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која денеска во Министерството за внатрешни работи ќе му предаде донација од возила на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Опремата е наменета за Единицата за службени кучиња при МВР. Донацијата е дел од заеднички проект на ОБСЕ и МВР, насловен „Обезбедување поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје”, соопшти Министерството за вматрешни работи.