Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ тројката Османи-Рау-Линде во Њујорк: Русија да ја прекине агресијата и да ги повлече силите од Украина

0
By Sashko on September 23, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 23, 2022 10:48

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, на Полска и на Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Ан Линде, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Како што соопшти МНР, соговорниците разменија мислења за улогата на ОБСЕ во светло на руската агресија врз Украина и го повторија својот повик до Руската Федерација да ја прекине агресијата, да ги повлече своите сили од Украина и да се усогласи со принципите на ОБСЕ. Случувањата меѓу Ерменија и Азербејџан, исто така, беа во фокусот на средбата. Министрите и генералниот секретар на Тројката разговараа за можностите за посилно вклучување на ОБСЕ во областа.

Соговорниците, се посочува, се осврнаа и на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, барајќи од страните да го почитуваат прекинот на огнот и да ја стабилизираат ситуацијата со дипломатски решенија.

Имајќи ја предвид ефикасноста на Организацијата, на средбата се истакна и потребата од усвојување на буџетот на ОБСЕ. Воедно, на средбата беа поздравени приоритетите на претстојното претседавање со ОБСЕ на Северна Македонија, фокусирани на заштита на принципите и заложбите на ОБСЕ.

Министерот Османи ја реафирмира поддршката на актуелниот претседавач и Генералната секретарка на ОБСЕ во справувањето со моменталните предизвици и ја истакна важноста на употребата на искуството и ресурсите на ОБСЕ како алатка во процесот на барање на одржливи решенија, стои во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.