Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение за „Поштенска банка“, меѓу обвинетите се и екс градоначалник и бизнисмен

0
By Нова ТВ on December 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството информира дека до Кривичниот суд поднеле обвинение за случајот „Поштенска банка“, на СЈО. Во овој случај обвинети се деветмина, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, бизнисменот Томе Главчев, како и Коле Смилевски и уште неколкумина.

Во продолжение во целост соопштението на обвинителството:

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд –Скопје достави Обвинителен акт против девет лица. На обвинетите К.С., Т.Г. и Р.Д им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 вв со ст.3 в.в ст.1, а заедно со останатите З.Ш, В.Ш, В.Д, В.П, Г.К и З.М сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.5 и ст. 3 в.в со ст.1 од Кривичниот законик. Со дејствијата што обвинетите ги презеле бесправно се пуштени пари во оптек во вредност од над 9 милиони евра.

Од почеток на 2001 година до крајот на 2004 година К.С, Т.Г и Р.Д како одговорни лица во правни лица, со намера за две правни лица во приватна сопственост да прибават значителна имотна корист, ја злоупотребиле службената положба и овластување во вршење на нивните посебни овластувања за законито работење на правните лица. Првообвинетиот К.С. во почетокот на 2001 година како директор на правно лице – штедилница во државна сопственост, со обвинетите Т.Г и Р.Д. го договорил начинот на кој при трансформација на штедилницата во банка, освен утврдениот основач, како основачи да се јават и правните лица на обвинетите Т.Г. и Р.Д. За таа цел обвинетите Т.Г. и Р.Д. земале краткорочни кредити од комерцијални банки кои требало да се вратат со одобрени кредити од новата банка, на правни лица што обвинетите Т.Г. и Р.Д. ги избрале. Така, првообвинетиот К.С., како генерален директор во банката, со цел да го исполни договорот, склучил договори за кредити со седум правни лица што ги избрале обвинетите Т.Г. и Р.Д. и им одобрил и исплатил кредити во вкупен износ од 144.500.000 денари или 2.349.594 евра. Потоа, обвинетите Т.Г. и Р.Д. по основ на наводни позајмици, организирале исплатените средства да бидат уплатени на нивните правни лица. Со паричните средства на име позајмица обвинетите Т.Г. и Р.Д. го исплатиле кредитот земен за основачки влог во комерцијалните банки. Со ваквите дејствија двајцата постапиле спротивно на чл.38 од Закон за банки кој предвидува „Банката не може да одобри кредит или да воспостави друг облик на кредитна изложеност кој директно или индиректно ќе се искористи за купување акции во истата банка“. Со добивање на акции од трансформираното правно лице – банка, прибавиле противправна корист и со тоа спротивно на законот станале основачи. Искористувајќи ги своите позиции во банката Т.Г. и Р.Д. овозможиле друштвата што добиле кредити воопшто да не го враќаат долгот на банката.

Обвинетиот К.С. со внесување на административно-деловниот објект во изградба со пазарна вредност од 404.590.850 денари или 6.578.713 евра кој бил имот на штедилницата, како имот на банката, овозможил значително да се зголеми вредноста на акциите што ги поседувале правните лица на Т.Г. и Р.Д и како основачи на банката незаконски да се стекнат со 2/3 од вредноста на административно-деловниот објект, односно значителна имотна корист од по 134.863.616 денари или по 2.192.904 евра.

Воедно, К.С. без исполнување на законските услови, во неколку наврати одобрувал кредити на друштва, при што договарал долгот воопшто да не се враќа. Со ваквите дејствија била прибавена значителна имотна корист за друштвата, а парите, иако знаеле дека се прибавени со казниво дело- Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.4 вв со ст.3 вв со ст.1 од КЗ, биле примени и пуштени во оптек од страна на обвинетите Т.Г, З.Ш, В.Ш, Р.Д. В.Д.

Во периодот од 2002-2004 година, шест друштва постапиле спротивно на чл.38 од Законот за банки и се обиделе акциите на банката од втората емисија да ги купат со средствата од самата банка. К.С. иако знаел дека Народна банка не го одобрила спроведувањето на втората емисија, без да постои правен основ, со управителите на друштвата кои учествувале во купување на акциите склучил договори за надомест на штета, притоа банката на друштвата им исплатила вкупен износ од 81.703.461 денар по основ на наводна камата. Со овие дејствија К.С. за друштвата прибавил значителна корист, а со добиените средства обвинетите затвориле поголем дел од обврски и кредити за кои имале интерес.

На почетокот на 2005 година, со цел да ја прикријат прибавената корист од трансакциите, во име на своите правни лица, Т.Г. и Р.Д. подигнале кредити во износ на 144.000.000 денари, односно 100.000.000 денари од Еуростандард банка и ги исплатиле кредитите на друштвата во банката. Во исто време, обвинетите Т.Г. и Р.Д. при банкарско работење го замениле имот што го прибавиле со казниво дело и прикриле дека тој имот потекнува од казниво дело. Имено, на почетокот на 2005 година, кога станале свесни дека со нивната противправна имотна корист, ја оштетиле Македонска пошта, единствениот реален основач на банката, за вкупен износ од 8.134.504 евра, го искористиле капиталот на банката и за да одбегнат добивање согласност од Македонска пошта како акционер со златна акција, ги отуѓиле акциите евидентирани на нивните правни лица. За таа цел од Еуростандард банка АД подигнале кредит во износ од 244.000.000 денари или 3.967.480 евра, а како гаранција за подигнатиот кредит ги заложиле акциите кои биле евидентирани на нивно име во банката. Кредитите не биле вратени и Еуростандард банка станала сопственик на заложените акции. Обвинетите Т.Г и Р.Д., со паричните средства од кредитот на Еуростандард банка исплатиле дел од противправно прибавена корист во вкупна вредност од 241.343.619 денари или 3.924.286 евра на име на кредити што биле употребени за стекнување на основачки влог во банката и фиктивни кредити кои индиректно ги користеле за сопствени потреби.

Обвинителството во врска со предметот донесе и Наредба за проценка на замрзнатиот имот и евентуален дополнителен имот во сопственост на обвинетите со кој би се реализирала постапката за конфискација, велат од обвинителството.

Овој предмет беше дел од доказната постапка за случајот “Рекет”, бидејќи како за “Империја”, така и за “Поштенска банка” обвинителка Катица Јанева барала од надлежните обвинители да ги затворат случаите со спогодба, односно осомничените да платат штета и да избегнат затворски казни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.