Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинет во „Насилство“ на семинар во Хрватска за заштита од непогоди

1
By Нова ТВ on June 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 1, 2018 14:28

Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски денеска демантираше дека Александар Трајковски, обвинет во случајот Насилство во општина Центар, кој наместо на суд, денеска заминал на службено патување во Хрватска, е вработен во општината. Тој рече дека тој е дел од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

-Како  градоначалник немам и не можам да имам информација кога одреден граѓанин има закажано рочиште на Суд. Особено за некое лице кое не е ни вработено во општината Гази Баба. Никогаш не сум имал, ниту некогаш ќе имам намера да заштитам некого. Секој оној кој извршил повреда на Законот и предизвикал кривично дело, треба за своите постапки да одговара пред судот. До сега, за овој случај никој не побарал било каква асистенција од мене, или пак информација околу неговото отсуство. Јас секогаш стојам на располагање согласно моите надлежности како градоначалник, за било каква асистенција или информација која би им била потребна на Специјалното обвинителство или Судот вели  Георгиевски.

Неговата реакција следи по јавната прозивка од обвинителката Фатиме Фетаи која денеска на рочиштето за „Насилство“ во Центар побара од судот да одговори од градоначалникот за службениот пат на обвинет во случајот „Насилство“ во Центар, поради што и се одложи денешното рочиште.

Александар Трајковски, кој е обвинет во случајот на СЈО за насилството во општина Центар е член на Советот на општина Гази Баба избран на последните локални избори на листата предложена од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на Гази Баба вели дека патувањето во Хрватска било на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Покрај него во Хрватска се заминати и други седум советници од сите советнички групи, како и претставници од ЦУК и месните заедници, кои учествуваат на работилница за превенција од елементарни непогоди.

Новото рочиште за овој судски предмет е закажан за 6 јуни. Обвинителката Фетаи побара од судот почесто да се закажуваат рочиштата, бидејќи ова е најстариот предмет на СЈО, а сепак заостанува зад другите.

За насилството пред објектот на Општина Центар што се случи во 2013 година првообвинет е екс премиерот Никола Груевски. Освен него, обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.