Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинета во „ТНТ“ била нападната на 1 мај – рочиштето е одложено

0
By Нова ТВ on May 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 4, 2018 13:27

Денешното рочиште за случајот „ТНТ“ не се одржа поради неприсуство на обвинетата Марика Зафировска, која на 1 мај била нападната во викендичката во Катланово и е задржана на болничко лекување.

Во судницата беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, Никола Груевски и Тони Трајковски.

Во овој случај обвинети се седум лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година за политичка одмазда го урнале објектот на нивниот политички противник, Цаноски, кој е во коалиција со сега веќе владејачкото мнозинство. Според СЈО, со уривањето е предизвикана штета од 16 милиони евра, а буџетот на општина Гази Баба е оштетен за дополнителни три милиони денари.

На претходните рочишта адвокатите на обвинетите побараа изземање на судиите за да се провери дали ги има во прислушуваните разговори.

Врховниот суд го одби барањето на одбраната за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд – Скопје Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, а потоа и Апелациониот суд го отфрли барањето за изземање на  претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев и неговиот заменик.

По добиена надлежност за постапување, претседателот на Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по барање на одбраната за изземање на судечкиот совет кој постапува во предметот „ТНТ“ на 23 април донел со кое изземањето се одбива како неосновано.

Ново рочиште за „ТНТ“ е закажано за 11 јуни.

обвинета нападната ТНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.