Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинети четворица за загадување на Охридското Езеро

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен акт против четири лица за узурпација на недвижност и загадување на животната средина и природата.

Првообвинетиот, на 3.03.2021 година, зазел туѓа недвижност која со член 16 од Законот за сопственост и други стварни права е прогласена за добро во општа употреба, а со членовите 1 и 2 од Законот за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро е прогласена за природна реткост како споменик на природата.

Тој ги ангажирал тројцата останати обвинети да извршат насипување со земја и рамнење на насипаната земја на површина од 829 метри квадратни, на парцела која е дел од Охридското Езеро и се наоѓа во непосредна близина на угостителски објект и на парцела во сопственост на првообвинетиот.

„Тројцата работници биле несвесни за можноста за настапување на штетната последица, но според своите лични својства биле должни и требало да бидат свесни за таа можност, бидејќи работеле како работници на работни машини во непосредна близина на водите на езерото. На овој начин сите четворица обвинети можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, опасност за животот и здравјето на луѓето или уништување на растителен и животински свет од поголеми размери“, се вели во информацијата од струшкото обвинителство.

Првообвинетиот се товари дека сторил кривично дело – узурпација на недвижност од член 225 став 1 и кривично дело – загадување на животната средина и природата од член 218 став 1 и двете во врска со член 44 од Кривичниот законик.

Останатите тројца се обвинети за кривично дело – Загадување на животната средина и природата од член 218 став 1 во врска со став 4 од Кривичниот законик.​​

обвинителство Охридското езеро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.