Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителите на СЈО неделава на рочишта за своите предмети и на сослушувања во ЈО

0
By Нова ТВ on August 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 12, 2019 08:33

Од денеска во Кривичниот суд треба да продолжат рочиштата по предметите на Специјалното јавно обвинителство.

За денеска, според најавата, на нивната веб страница има закажано рочиште за предметот Титаник, кој се однесува на изборни нерегуларности. За овој предмет има закажано рочиште и на 14 во среда и во петок на 16 август. За неделава рочиште во судот ќе има и за предметот на СЈО – Т.Н.Т. за уривањето на комплексот „Космос” на  Фијат Цаноски.

Рочиштата продолжуваат по судската ферија што почна на 15 јули, а продолжува во период кога преку интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ беа објавени снимени разговори меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан (Орце) Камчев, за случајот „Рекет“, а во кои се споменуваа Катица Јанева и Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ а во која е осомничен бизнисменот Јордан (Орце) Камчев.

Италијанскиот весник почна да ги објавува снимените аудио разговори од пред четири дена. Објавувач е италијанскиот новинар со словенечко потекло Ларис Гајсер, кој е познат по своите екстремно десничарски ставови и по блискоста со лица од европската крајна десница и со претставници на ВМРО ДПМНЕ.

Станува збор за аудио и видео материјали што се дел од доказната постапка во предметот „Рекет“ на Јавното обвинителство, но оттаму тврдат дека не се добиени од кај нив.

Според  Обвинителството, материјалите им биле доставени од сведок во предметот.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека на сослушување е повикана обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, а од Обвинителството најавуват дека ќе бидат повикани на распит и сите инволвирани.

Стефанова, пак, во писмена изјава го отфрли како невистинито искажаното од Камчев во снимката и оцени дека целта е нејзина дискредитација како обвинител.

По објавата на снимките, се огласи и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во писмена изјава објавена на веб-страната на СЈО, повторува дека во интерес на предистрагите и истрагите што се водат во Обвинителството што таа го раководи, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.

Таа ги повикува истражните органи што е можно побрзо да ја завршат истрагата и сите форензички вештачења и да ги приберат сите докази поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и, како што посочува, обелување на нејзиното име.

Заменичката на специјалната обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифоска при телефонското гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Мрежа Канал 77 изјави дека СЈО прави се за да не и се наштети на постапката за случајот „Рекет“

– Јас не знам чие се име ќе биде спомнато во тие некои наредни снимки што се најавуваат, но треба да се утврди изворот од надлежниот обвинител, кој треба да даде одговор и кој се си зел за право да споменува одредени имиња, изјави Јосифоска.

Во врска со објавените снимки се огласи и премиерот Зоран Заев, кој повика на темелна и независна истрага за „Рекет“, која, како што вели, мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, тој најостро и категорично отфрла каква било поврзаност со Бојан Јовановски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, смета дека власта е главната закана и пречка за правдата во земјава и обвинувајќи ја за „отпор кон реформите во Обвинителството“ и за притисоци врз сопственици на медиуми од страна на судството и обвинителството.

Според Мицкоски, Владата под маската за борба против криминал создава и штити криминал.

Италијанскиот весник вчера објави видео колумна во која главна цел на напади се Европската унија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Федерика Могерини.

Гајсер во колумната прашува зошто Брисел молчи за случајот во земјава со објавените снимки од разговорите меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан „Орце“ Камчев, нагласувајќи дека се чуди како нема реакција од Могерини и актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои според него, „силно инсистирале за специјалната обвинителка“.

По објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“, на Твитер се огласи и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.

– #Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања, наведува Хан во објавата.

Тој натаму посочува и дека никој не е над законот и не може да има неказнивост.

Видео колумната доцна вчера беше отстранета од јутјуб, а некои медиуми објавија дека причината е најверојатно повредени авторски права на друг медиум.

Весникот „Ла Верита“, кој ги објавува снимките, во изминатите неколку години важи за медиум близок до сегашната опозиција во земјава. Тој беше прв странски медиум кој пред еден месец информираше за „бомбата“ објавена на руски мрежи во која генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, наводно го мести победникот на тендерот за набавка на опрема за М-НАВ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.