Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителот Маркоски: Очекувам повисоки казни за делата сторени од омраза

0
By Соња Петрушевска on February 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 28, 2019 16:43

„Со измените во Кривичниот закон за делата сторени од омраза, очекувам поголема свесност кај граѓаните, но и да резултира со пресуди во кои ќе биде јасно и децидно кажано дека кривичните дела се извршени од омраза и поради тоа казните се повисоки“, вели за НОВА обвинителот Александар Маркоски.

Една од главните работи што се постигна со измените на Кривичниот законик усвоени минатата година беше појаснувањето, односно дефинирањето на тоа што е дело од омраза

Член 122 став 42 

Како дело од омраза изрично предвидено со одредбите од овој Законик, се смета кривично дело против физичко или правно лице и со нив поврзани лица или имот кое е сторено во целост или делумно поради реална или претпоставена (замислена, вообразена) карактеристика или поврзаност на лицето што се однесува на раса, боја на кожа, националност, етничко потекло, религија или уверување, ментална или телесна попреченост, пол, родов идентитет, сексуална ориентација и политичко уверување“.

Во Хелсиншкиот комитет само во јануари регистрирале 17 инциденти сторени од омраза, а минатата година  дури 123 кривични дела. Еден од нив е, кога жртва бил припадник на ЛГБТ заедницата кој бил нападнат во градски автобус само поради неговата сексуална ориентација, а случајот во дневниот билтен на МВР не е квалификуван како дело сторено до омраза и никаде не е наведена сексуалната ориентација на жртвата како пристрасен мотив за извршување на тоа дело. Од Хелсиншкиот Комитет потсетуваат дека Обвинителството се уште не ги процесирало кривичните пријави за делата од омраза сторени поради сексуална ориентација и родов идентитет во периодот 2013-2015 година.

„Преминуваме во општество кое мрази, се мразиме по сите основи, меѓу себе но и заедно мразиме други луѓе по различни основи“  констатираат од Хелсиншкиот комитет.

Токму говорот на омраза се провлекуваше како мотив и во убиството на Никола Саздовски, кој беше крвнички претепан од три лица на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена во кома  почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Двајца од сторителите се во притвор, а третиот е во бегство.

„Иако напаѓачите и жртвата биле членови на различни спортски клубови, главниот мотив за убиството е омразата поради етнички припадност“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Во билтенот на МВР бројот на овие дела сторени од омраза е многу помал – во 2018 година регистрирале само 33 кривични дела предизвикани од омраза, од кои само 4 за предизвикување на омраза, раздор или нетпреливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

За ширење говор на омраза преку социјалните мрежи, МВР поднелo само 5 пријави во цела 2018 година.

Обвинителството покрена обвинение против Миленко Неделковски за неговите постови на Фејсбук за катастрофалните пожари во Грција, а во кои алудира дека Грците ја заслужиле огнената катастрофа поради договорот со Грција, и против актерот Тони Михајловски, поради закани кон новинарот Бранко Тричковски во јуни минатата година.

„Не значи дека тој што шири говор на омраза самиот ќе стори кривично дело, но може да поттикне други да го сторат тоа. Најважно е да се дејствува брзо. Не може институциите денес да функционираат како пред 20 години кога имаме дигитална ера и кога секој со секого стапува во интеракција. И ако вие сакате да спречите било какви појави мора да имате брза интервенција “ вели  експертот по социјални медиуми Бојан Кардалов.

Со измените во Кривичниот законик, Обвинителството ќе мора сите дела во кои може да биде вклучена квалификацијата омраза,  посебно да ги нотира, што ќе се земе предвид при одредување на казната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.