Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство: На продаденото државно земјиште требало да се градат хотели и Шпанските скали

0
By Нова ТВ on June 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 28, 2019 16:24

Обвинителството бара притвор за 9 лица, за едно лице мерки за претпазливост а по едно лице се уште се трага, соопшти пред малку обвинителката во Обвинителството за гонење на корупција и криминал Ивана Трајчева.

Оосмничените лица веќе се приведени и за седум од нив распитот е завршен, по што ќе биде познато дали ќе бидат притворени.

Меѓу приведените се Миле Јанакиевски – екс министер за транспорт, Димитар Димовски вработен во Министерството за транспорт и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром – исто така вработен во Министерството. Меѓу уапсените е и државниот правобранител, Емилија Радојкова, вработена во Катастар, нотари и бизнисмен.

Обвинителството ги сомничи дека склучиле 4 договори за продажба на државно земјиште – на кое требало да се изградат  хотелски комплекси. Една од парцелите била наменета за изградба на Шпанските скали.
Обвинителката Трајчева кажа осомничените склучиле четири договори за откуп на градежното државно земјиште, но иако во тие  договори биле предвидени и казни доколку договореното не се испочитува, осомничените не го раскинале договорот, и наместо да го вратат земјиштето во државна сопственост тие предзвикале штета врз буџетот.
„ Имате конкретни договорни обврски со конретни рокови кога треба да се исполнат. Кога имате рокови кои треба да се испочитуваат тогаш можеме да зборуваме само дали се испочитувани тие рокови  и што станува кога не се испочитувани“ кажа Трајчева.
Наместо поради неисполнување на договорните обврски еднострано да ги раскинат договорите и да го вратат градежното земјиште во сопственост на државата, како и да извршат наплата на договорната казна од купувачот осомничените склучувале анкеси на договорот со купувачот.

Јанакиески и петмината вработени во Министерството за транспорт и врски, се сомничат дека потпишале договори за откуп на парцели  со вкупна површина од повеќе од 26.000 метри.

Обвинителството проценува дека штетата врз Буџетот е околу 2,6 милиони евра и бара „да не се отуѓува земјиштето кое е предмет во овој случај и имотот кои е незаконски стекнат“.

За овој предмет, Обвинителството не соработувале со Специјалното јавно обвинителство затоа што случајот што СЈО го води за „Шпанските скали“ е за друго дело.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.